|
|
 |
Луѓе |
|
Контрапункт се: Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Искра Гешоска, Александра Бубевска, Бојан Ивановиќ, Небојша Гелевски, Марјонка Велјановска, Мерита Кули, Џабир Ахмети, Сенка Наумовска, Никола Ефтимов, Елена Велјановска, Владимир Јанковски, Маја Чанкуловска,
Бранко Прља, Зоран Поповски, Димитар Самарџиев, Душан Велјановски, Тамара Буштреска, Перо Георгиев...
Надминувајќи ја првата, "идеалистичка",
фаза од нашата работа, го формиравме
здружението Контрапункт кое, се
разбира, ќе се обиде да се развива и
пошироко од рамките на проектот Ширење/Слевање
на маргините, но во значаен дослух
со неговите идеи, цели и намери.
Во
рамките на Ширењето/Слевањето на
маргините најголема енергија во
првата половина на 2002 година
потрошивме на формалното
институционализирање на проектот;
при крајот на 2001 го формиравме
здружението на граѓани Контрапункт,
а во почетокот на 2002 изнајмивме една
стара куќа во Скопје и од неа
создадовме мал културен центар, со
читалница-книжарница, со дебатен
простор и со галерија за изложби и
проекции. Во рамките на културниот
центар Точка свои канцеларии имаат
Темплум и Контрапункт.
|
|
Колектив на Контрапункт и на Точка |
|
Во
моментот, пет луѓе работат во
организацијата со полно работно
време. По потреба се ангажираат и
разни хонорарни соработници. "Контрапункт"
може да ангажира и волонтери
за разни тековни активности од
посложен тип. |
|
Искра Гешоска -
извршен директор
Никола
Гелевски -
административен директор
Владимир
Јанковски - програмски уредник
Јулија Лехлер - координатор на проекти
Бранко Прља - уметнички и графички уредник
|
|
Искра Гешоска - извршен
директор
есеист, проследувач на театарот и
јавното мислење, постдипломец
е-маил:
iskra.geshoska@gmail.com
tel.fax. office:+389 2
3225 825
Извршниот директор е одговорен за
реализацијата на целокупниот проект,
за сите активности поврзани со
некоја поединечна програма. Таа е
одговорна за делот на кампањите, за
организирање на настани во и надвор
од Скопје согласно програмата за
децентрализација, и за координација
и размена на информации,
интелектуални и уметнички содржини.
Таа е одговорна за тековното
функционирање на тимот, за потребите
на проектот. Таа е одговорна за
финансиските и наративните извештаи.
Таа е програмски уредник во Културниот центар Точка
Никола
Гелевски - административен директор
писател, издавач, главен и одговорен уредник во
Маргина
е-маил: nikola.gelevski@gmail.com
tel.fax. office:+389 2
3225 825
Административниот уредник ја
застапува, ја надгледува, ја следи, ја
контролира работата, дава идеи,
потпишува договори, ја одобрува
реализацијата на проектот. Тој е
најангажиран во издавачкиот дел од
програмата. Тоа значи уредувањето на
"Маргина", работата на
додатоците создадени од локалните
тимови, продукција на ЦД-еа во
Маргина со локални бендови,
уредување на брошурите и зборниците.
Тој работи и на подготовка на
кампањите. Негова посебна
одговорност се формулација и
реформулација на идеите и пораките
на проектот.
Владимир
Јанковски - програмски помошник
писател,
постдипломец по литература
е-маил: vladimirjankovski@yahoo.com
tel.fax. office:+389 2
3225 825
Владимир Јанковски работи како уредник во издавачката куќа "Темплум".
Работи и како програмски уредник во НВО Контрапункт и Културен центар Точка.
Јулија Лехлер
-
програмски уредник
културолог и културен менаџер на Роберт Бош во
Точка
е-mail:
julia.lechler@kulturmanager.net
www.kulturmanager.net
tel.fax. office:+389 2 3225 825
Јулија Лехлер, културолог и културен менаџер на Роберт Бош во Точка.
Магистрирала во полето на урбана архитектура, урбано планирање и
капитализмот во
пост-советската Москва.
Одговорна е за меѓународните проекти во полето на културата.
Бранко Прља
-
уметнички и графички уредник
писател, општествен сатиричар, веб и графички
дизајнер
е-mail: brankoprlja@gmail.com
tel.fax. office:+389 2 3225 825
Уметнички и графички уредник во издавачката куќа Темплум, НВО
Контрапункт и Културниот центар Точка. Ги оддржува и сајтовите на
Темплум и Контрапункт.
|
|