Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Сподели кино 2.03/4
проекција

06.11.2007, 20.00

 



Прво ќе го пуштаме „Хипици од пеколот“ Филмот е за група хакери, уметници, писатели и сл. кои меѓу другото се основачи на првиот Интернет провајдер во Холандија xs4all.

Во филмот уметниците си играат со хардвер, младите хипици ги хакираат училишните калкулатори, lock pickers (како и да е на македонски?) отвараат катанци без клуч: хакирањето не е само зезање со технологија, тоа е став, дејство, глагол.

Филмот трае педесетина минути.

Следно на менито е:

Врзан - првиот македонски филм издаден под слободна лиценца.
Spin - краток филм кој според описот добил 35 награди.
Fallen Art - анимиран филм на Багински еден од најдобрите компјутерски аниматори.

По овие следи интермецо со пар клипчиња од YouTube.

А за крај, Тео Јансен на TED со своите кинетички склуптури, или подобро нови форми на живот.


 

 
   

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |