Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Предавање на Нил Лeч
предавање

09.11.2007, 19.00

 





На 8. 11. 2007, четврток и на 9. 11. 2207 петок по покана на Архитектонскиот факултет во Скопје гостува еминентниот архитект и теоретичар на културата Нил Леч. Тој ќе одржи две предавања. Првото предавање е насловено како Дигитална морфогенеза и ќе се одржи на Архитектонскиот факултет на 08. 11. 2007 со почеток во 19.00, а второто предавање е насловено како Камуфлажа и ќе биде од јавен карактер а ќе се одржи во Културниот центра Точка, во петок 09.11. 2007 со почеток во 19.00.
Нил Леч предава на повеќе престижни универзитети во светот меѓу кои Колумбија, Корнел, Данската кралска академија за уметност, Баухаус Институтот, Универзитетот во Нотингем и др. Фокус на неговите најнови истражувања се допирните точки меѓу теоријата на архитектурата, визуелната култура и останатите теориски дискурси.
Лич е автор на значјаниот зборник текстови од областа на културните студии, насловен како Преосмислување на архитектурата. Во овој зборник се поместени текстови за архитектурата од автори како Жак Дерида, Мартин Хајдегер, Умберто Еко и други.
Лич во своите предавања ќе ги третира опсежно темите дигиталните реалности, дигиталната култура, дигиталните градови како и теоријата на камуфлажата.

 
   

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |