|
|

Ве покануваме на премиерата на првата епизода
“Наследство” од серијалот документарни филмови, “На екс”,
ко-продукција на НВО Контрапункт со партнери од Србија, Хрватска,
Словенија, Босна и Херцеговина и Косово. Епизодата “Наследство” се
состои од шест кратки документарни филмови, изработени од шест
различни национални тимови од партнерите во проектот. Целта на овој
серијал и на проектот беше изработка на четири документарни епизоди на
теми од заеднички интерес за младите од бившите југословенски земји.
Темите и процесот на работа, беа утврдени преку заеднички работилници
на тимовите од сите земји. Македонските документарци ги потпишаа
младите македонски режисери и видео-арт уметници Саша Станишиќ и Филип
Јовановски. Проектот е подржан од Норвешката влада, Европската
културна фондација и Центарот за развој на демократијата на САД.
Промотивната проекција на првата епизода од серијалот е во рамките на
фестивалот на Европскиот филм, Синедејс, во програмата “Слики од
Балканот”. По проекцијата во рамките на истата програма, во
Младинскиот културен центар, во 13 часот ќе се одржи и панел дискусија
“Граници, идентитети” на која покрај врвните теоретичари на уметноста
и естетичари како Лев Крефт, Елизабета Шелева и Станислав Семерџиев,
ќе зборуваат и учесниците во проектот Роберт Алаѓозовски и Милосав
Саки Мариновиќ. |
|