|
|

Интерактивната инсталација на
Ирена Паскали “Word, World, Way...” ќе се отвори во Културниот центар
Точка, на 27 ноември во 20 часот. Изложбата ќе трае до 5 декември.
Проектот е интерактивна инсталација која е составена од холограми (стереограми
и нормални холограми) и видео проекции.
Интерактивната инсталација “Word, World, Way...” претставува
поврзување помеѓу синонимите кои ги употребуваме за да ги презентираме
нашите мисли, движења, нашиот свет.
“Word, World, Way...” се интерактивни и делуваат заедно. Тие н# движат
во реалниот и виртуелниот свет. Зборот ја трансформира нашата мисла,
ја презентира и репродуцира. Тој е трансфер на нашиот внатрешен свет.
Холограмите со својата движечка позиција во просторот н# поврзуваат со
движењето на мислите. Видеата го прикажуваат движењето на човекот низ
еден идеализиран, општествен и ризичен пат.
Работата на проектот ќе продолжи во Њујорк, во Институтот за
холографија, во февруари следната година.
Ирена Паскали магистрира на Академијата за медијални уметности во
Германија. Моментално живее во Скопје и Германија. Реализирала повеќе
самостојни изложби во Германија, Франција, Турција, Австрија, Бугарија,
Србија. Учесник е на повеќе реномирани меѓународни видеофестивали.
Добитник е на повеќе меѓународни награди.
Повеќе информации на: www.irenapaskali.com
Проектот е поддржан од Про Хелвеција, Академијата за медијални
уметности во Келн и Центарот за институционален развој – Скопје.
|
|