|
|
На 28 ноември, среда, во 20 часот во Културниот Центар
Точка, ќе се одрзи книжевна средба со Лидија Димковска и Алеш Мустар.
Лидија Димковска е македонска авторка која живее во Словенија.
Добитник е на наградата “Стале Попов” за романот “Скриена камера”.
Избори од нејзините четири поетски збирки се објавени во повеќе земји,
меѓу кои и во САД, каде мината година Димковска имаше книжевна турнеја.
Алеш Мустар е автор на поетската збирка “Суд(бин)ско толкување”.
Преведувач е и промотор на македонската книзевност во Словенија.
Неговата поетска збирка оваа година е препеана на македонски јазик и
објавена во издание на Блесок, а наскоро ќе биде објавена и на
англиски во издавачката куќа Twisted Spoon. Поетиките на Димковска и
Мустар се одликуваат со комуникативност и отвореност кон Другиот, што
за нас беше поттик книзевната вечер со нив да ја осмислиме како
дијалог со авторите за нивното творештво, како и за нивните ставови за
актуелностите на литературата и литературниот живот во Словенија и
Македонија. Авторите ќе ги претстави и разговорот со нив ќе го води
Гоце Смилевски.
|
|