Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Сreative Commons Happening
настан

29.11.2007, Точка, 20.30

 


Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на мултимедијално дружење со македонски автори кои објавуваат под лиценцата Криејтив комонс, во просториите на културниот центар Точка, Скопје со почеток во 20.30 часот. Настанот се организира по повод одржувањето на третата меѓународна конференција Е-општество на Фондацијата Метаморфозис. На вечерта ќе бидат изложени фотографии од уметниците Мето Ангелов, Ване Костуранов, Столе Ангелов, Мери Доневска - Костуранова, Милена Станишлевиќ. Ќе бидат презентирани видео дела од македонски автори, а свој музички диџеј сет ќе има Борг. На настанот ќе се пуштаат и инсерти од серијата културни настани низ Македонија што партнерски ги организираа Метаморфозис и Контрапункт, со цел меѓу уметниците да ги промовираат лиценците Криејтив комонс, веќе локализирани на македонски јазик.
Македонската верзија на Криејтив комонс, светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура, беше промовирана во јуни. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс. Системот на Криејтив комонс е дел од системот за заштита на авторските права, со кој на авторите им се олеснува комуникацијата со публиката и другите автори сакаат да ги користат нивните дела како основа за своето творештво.
Покрај локализирањето на соодветниот дел за издавање лиценци на веб-сајтот на централниот Криејтив комонс, Фондацијата Метаморфозис го објави отворањето и на Македонскиот портал наменет за поттикнување развој на е-содржини и нивна поголема промоција – www.cc.org.mk. Преку порталот сите автори на е-содржини ќе може да дознаат повеќе за лиценците, но и да постават линкови до своите лиценцирани дела. Порталот на авторите кои немаат можност да ги објават делата на сопствени сајтови им овоможува и хостирање.
Преку порталот во најскоро време ќе бидат достапни и фотографии, како и аудио и видео снимки, сите лиценцирани под Криејтив комонс.
Под Криејтив комонс веќе се лиценцирани и достапни дури и многу важни комерцијални системи како базата на фотографии Фликер – во сопственост на Јаху, како и Офис на Мајкрософт преку додавка, Опен офис, и Епл со ајТјунс и ајПод.

 

 
   

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |