|
|

Во среда на 5 декември во 20:30 часот, Данило Мандиќ ќе го изведе
својот мултимедијален проект „Црна Кутија“ во Културниот центар Точка,
а истовремено и на брановите на Канал 103.
Основната идеја на проектот е сведочење и наоѓање на можните причини
за „пад“ на едно општество. Концептот за овој проект директно е
преземен од аеронаутичката употреба на оној уред што популарно се
нарекува црна кутија, којшто ја снима аудио околината во пилотската
кабина на авионот и се користи единствено за потребите на истрагата
при авионска несреќа. Овде репликата на црната кутија ја има истата
цел, само се користи во изменет контекст. Поставена на плоштадот
Македонија, таа ги регистрираше звуците од непосредната околина. На
изложувањето ќе бидат претставени резултатите.
Проектот е финансиран од Швајцарската програма за култура во
Македонија, а поддржан од Град Скопје, Културниот центар Точка и радио
Канал 103.
|
|