Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Промоција на првото македонско издание на расказите на Франц Кафка “Преобразба”
промоција

11.12.2007, Точка, 20.30

 


Ве известуваме дека во вторник (11 декември) со почеток во 20:30 во Културниот центар Точка ќе се одржи промоцијата на првото македонско издание на расказите на Франц Кафка “Преобразба” што неодамна го објави издавачката куќа Темплум. Изданието опфаќа 26 раскази, меѓу кои неговите најславни текстови “Преобразба”, “Пресуда”, “Во колонијата на казнетите”, “Извештај до една академија”, “Селскиот лекар” итн. Преводот на расказите е на Бисера Анастасова и Марија Костоска.

Промоцијата е замислена како мултимедијален настан кој обединува изложба на цртежи инспирирани од делото на Франц Кафка (автор на цртежите е сликарот Ѓорѓе Јовановиќ), исценација на расказот “Извештај до една академија” (во изведба на актерот Љупчо Јолевски), која ќе биде придружувана со музика од кларинет (во изведба на музичарот Здравко Ангелов). Адаптацијата на расказот за изведување пред публика ја направи режисерот Саша Станишиќ. Расказите на Франц Кафка на германски јазик ќе ги чита професорот Петер Рау.
“Кафка едновремено беше сведок, жртва и судија на една општествена стварност која трае и денес; нашата стварност во најмала рака изгледа исто толку налудничаво, фантазмагорично и заканувачки како стварноста што провејува (фучи, вушност!) од епохалното дело на необичниот чешки Евреин. Во таа смисла, делото на Кафка е пророчко и секогаш актуелно.” (извадок од корицата на книгата)
На промоцијата посетителите ќе имаат можност книгата да ја купат по промотивна цена од 200 денари.

 
   

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |