|
|
Мислите дека Јапонија е тотално поинаква и, благо
речено, само необични и чудни работи излегуваат од таму?
Не се секирајте, не сте европоцентрични, тотално сте во право, или
барем филмов што ќе ни го сподели Ладо на најновото издание на Сподели
Кино ќе ви го зацврсти тоа уверување. Еве како тој го опишува:
Survive Style 5+ е најоткачено нешто направено овој век. Не знаеш што
е пооткачено: сценографијата, приказната (поточно приказните) или
одбраната музика?
Можеби сценографијата, која претставува таков визуелен маегери удар на
сетилата, со такви бои кои би зашеметиле и далтонист. И приказните се
тотално неочекувани, ама мислам дека луѓето се веќе навикнати да не
наоѓаат многу „смисол“ во јапонските филмови.
За каков филм се работи всушност?
Е, па...структурно е ensemble movie, како што се Pulp Fiction или
Magnolia. Има пет приказни кои директно не си влијаат, но во одредени
моменти се допираат. Режисерот и сценаристот се ветерани во
маркетингот и тоа се гледа во филмот. Глуми, кај фановите на јапонски
филмови, популарниот јапонски глумец Tadanobu Asano, а се појавува
кратко и уште еден култен глумец Shinichi Chiba, попознат како Sony
Chiba од јапонските Б акциони филмови од пред 20-30 години, кого
Тарантино го ангажираше во Kill Bill Vol.1, а една од улогите ја има и
Vinnie Jones, незаборавниот лик на платен убиец од Snatch и Lock,
Stock... филмовите на Guy Ritchie, (и тука глуми платен убиец, се
разбира).
Зошто сакав да го споделам овој филм?
Сакам луѓето да доживеат еден необичен јапонски продукт, да видат една
пооткачена страна на Јапонија. Ако има расположение, би сакал да
споделам и еден краток филм (15 минути) од јапонската комичарска група
„Ramenzu“ како пример за лудиот јапонски хумор, а после филмот (ако
може да издржите на столчињата во Точка :)) и една епизода на
Јапанорама (20 мин.), серија за јапонската поп култура водена од
Jonatan Ross. |
|