Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Авторска вечер со Алекс Букарски
настан

27.12.2007, Точка, 20.30

 

 


 

 
 

Проектот „Филантопски шешир“ продолжува со настанот
„Полемично до коска - во живо со Букаро!

Авторска вечер: Алекс Букарски, блогер, писател и колумнист,
награда “Новите” - најдобар книжевен дебитант за 2006ч
Домаќин на вечерта: м-р Роберт Алаѓозовски, книжевен критичар;
Културен центар Точка, четврток, 27 декември 2007, 20.30 часот;

Од самото свое појавување на книжевната сцена преку новите и алтернативни медиуми (Багра, блогот на Букаро, конкурсот Електролит, списанието Маргина) се до издавањето на неговата прва збирка, Алекс Букарски не престанува да го предизвикува вниманието на медиумите, јавноста, книжевните кругови. Исто како и на својот блог, по медиуми и другаде, Букарски е подготвен и во живо да ги прими сите ваши пофалби, критики, пцости за неговата книжевна и интелектуална работа и да ви врати со иста мера (дури и повеќе!) - директно, жестоко и одговорно.

Зошто полемика? Зашто според Букарски... Нема добар автор кој не бил добар полемичар или кој не бил политички ангажиран на ваков или онаков начин.

Ако вие не наметнете поинаку, Букарски ќе полемизира против:
- авторитетите, културните бирократи...
- против пензиското осигурување како врвен дострел на македонскиот писател...
- против писарството кај писателите...

Вечерта е дел од програмската активност на проектот „Филантропски шешир“ на НВО Контрапункт. Овој проект е дел од програмата за грантови за филантропија раководена од Центарот за институционален развој (ЦИРа) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).

Настанот ќе биде одлична можност посетителите со своја донација да помогнат некој од следните настани што ќе се реализираат во рамки на програмата. Изложбата се реализира со поддршка на ресторанот Домини и Студиото за графички дизајн Кома.лаб.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |