|
|
Проектот „Филантопски шешир“
продолжува со концертот на групата Али Баба и Сефедин
Ве информираме дека во петок (25 јануари) со почеток во 20.30 во
Културниот центар Точка ќе се одржи концерт на групата Али Баба и
Сефедин.
Музичката група од Велес, Али Баба и Сефедин, е бенд кој за своја
подлога ја зема ориенталната ромска музика со совршен редослед на џез
елементи, со цел да се долови музичката тајна од блискиот Исток. Во
своите нумери групата е инспирирана и од градот Велес, од неговиот
мистичен стар дел. Бендот е формиран во 2005 година, под иницијатива
на Сефедин Куртов кој свири на ут. Останатите членови на бендот се
Емран Асанов на арапска тарабука, Елам Мемедов на саксофон и Мавинд
Мемедов на кларинет.
Вечерта е дел од програмската активност на проектот „Филантропски
шешир“ на НВО Контрапункт. Овој проект е дел од програмата за грантови
за филантропија раководена од Центарот за институционален развој
(ЦИРа) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество
финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а
имплементиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).
Настанот ќе биде одлична можност посетителите со своја донација да
помогнат некој од следните настани што ќе се реализираат во рамки на
програмата. Изложбата се реализира со поддршка на ресторанот Домини и
Студиото за графички дизајн Кома.лаб.
|