|
|
В четврток (21.02.2008) со почеток
во 20 часот во Културниот центар Точка ќе се одржи проекција насловена
како „Алфред Кинси и македонската сексологија“. Како дел од овој
настан ќе бидат претставени куси документарни видео материјали за
животот и научната работа на Алфред Кинси, еден од основачите на
модерната сексологија, како и фотографии и материјали од богатата арт
колекција од Кинси Институтот за истражување на сексот, родовите и
репродуктивното здравје од Блумингтон, САД. Проекциите ќе бидат
проследени со коментари на членовите на Комаја кои ќе ги изнесат
своите впечатоци од неодамнешната посета на оваа реномирана
институција, која што веќе 60 години е вистински научен рај за
сексолозите. Култните дела на Кинси „Сексуално однесување кај мажите“
и „Сексуално однесување кај жените“, кои беа издадени во 1948 и 1953
година кога сексот се уште беше валканиот збор, ја шокираа
конзервативната американска јавност.
На предавањето накусо ќе бидат претставени и сексолошките проекти на
Комаја, како членка на Светската асоцијација за сексуално здравје.
Исто така, посетителите ќе имаат можност да се вклучат и во дискусија
на тема сексологија или секс или сексуалност.
Организатор на настанот е Комаја – Друштво за развој на уметноста на
живеењето - Скопје и Културен центар Точка. |