|
|
 Перформансот „Распеани лица“ се
состои од неколку дрвени фигури на кои има ликови што слободно висат
на метална конструкција. Фигурите се поставени на тој начин и со такви
димензии што во целина гледано прават еден музички инструмент, кој ќе
има поголеми размери.
Публиката ќе стои од предната страна на фигурите, односно ќе гледа во
ликовите. Зад фигурите, односно зад инструментот, се наоѓа
инструменталистот што свири на инструментот (музиката се состои од
слободна имровизација). Пред овој инструмент ќе има уште еден музичар
кој исто така ќе свири на друг инструмент.
Организацијата на перформансот и просторот не дозволуваат да се
вклучат повеќе од двајца музичари, кои ќе бидат во предниот дел и ќе
свират на други инструменти. Осветлувањето ќе биде поставено така што
ќе има светла од подот на галеријата кон фигурите, односно кон
ликовите. Со ова се постигнува да се гледаат само ликовите на фигурите
додека музичарите ќе останат во сенка. Бидејќи овие светла ќе бидат
единствени, целата просторија во која ќе се изведува овој перформанс
ќе делува единствено.
Вечерта е дел од програмската активност на проектот „Филантропски
шешир“ на НВО Контрапункт. Овој проект е дел од програмата за грантови
за филантропија раководена од Центарот за институционален развој
(ЦИРа) во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество
финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а
имплементиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).
Настанот ќе биде одлична можност посетителите со своја донација да
помогнат некој од следните настани што ќе се реализираат во рамки на
програмата. Изложбата се реализира со поддршка на фирмата Фармахем.
|