|
|


Ве покануваме на перформансот „Ромео
вс Роко“на Олгица Димтровска и Ведран Бојановски кој ќе се одржи во
Културниот центар Точка, на 29 февруари со почеток во 20:30.
Изјава на уметниците:
„Преку двете видеа кои ќе бидат презентирани на настанот, како и
преку фотографиите кои ќе бидат изложени се обидовме да доловиме две
приказни и да ви ги понудиме како момент на избор во вашето
однесување. Целта ни беше да поттикнеме размислување кај секој
поединец за тоа каде води емоционалната изолација на единката и како
тоа се одразува во моментот кога две единки стапуваат во заедница која
се темели врз взаемно почитување, меѓусебно прифаќање и функционирање
како целина. Во што прераснува идејата за ваква целина кога пред сe го
ставаме сопственото его и себичното делење на интимни чувства со
другиот.“
Настанот е дел од програмската активност на проектот „Филантропски
шешир“ на НВО Контрапункт.
Настанот ќе биде одлична можност посетителите со своја донација да
помогнат некој од следните настани што ќе се реализираат во рамки на
програмата. Настанот се реализира со поддршка на фимата Фармахем.
|