|
|
Оваа среда СподелиКино великодушно го отстапува
терминот за една кратка
презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од
Слободен софтвер Македонија во рамките на СподелиЗнаење.
Оваа манифестација се ќе се одржи на 26 март 2008 година во повеќе
земји во
светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е
да се подигне
свеснота за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да
се употребуваа
на било која платформа во било кое време
Слободата на документите претствавува користење на отворени формати за
нивен запис
кои се базираат на отворени стандарди со тоа вашите податоци
остануваат за секогаш под ваша
контрола и ниеден неслободен формат неможе да ги зароби.
Покрај овој вовед програмата за оваа среда е
* вовед за денот на слобода на документите
* презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? И
како до нив?)
* практични примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со
неслободните документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и
повеќе од тоа
* прашања и одговори |