|
|
Вo четврток (27.03.2008) со почеток во 20 часот во
Културниот центар Точка ќе се одржи предавање насловено како
„Медитација на љубов“. На предавањето ќе бидат претставени посебни
видови медитација преку кои што се развиваат и засилуваат состојбите
на љубов и вљубеност. Најновите научни истражувања покажуваат дека кај
вљубените се случуваат биохемиски процеси кои ги предизвикуваат
чувствата на радост, еуфоричност, занес, восхит, контрола на мислите,
будност, исполнетост со енергија, зајакнат имунитет... Современите
тренери на успех и мотивација, пак, во своите обуки сè повеќе нудат и
вежби за концетрација и медитација, со цел нивните клиенти да станат
харизматични и успешни водачи. Но, постојат и повозвишени цели и
благодети на медитацијата: љубов, здравје, себеспознание,
блаженство...
Исто така, посетителите ќе имаат можност да се вклучат и во дискусија
на тема медитација и љубов.
Предавач е Росано Чолаков, дипломиран професор по филозофија и
повеќегодишен практикант на различни видови медитација. |