Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Промоција на книга од Ивица Челиковиќ во Точка
промоција
 

29.04.2008, Точка, 20:00

 

 

 
 

Ве известуваме дека во организација на „Македонска реч” и на Културниот центар „Точка”, на 29 април 2008 (вторник), со почеток во 20 часот, во просториите на Точка ќе биде претставена поетската книга на Ивица Челиковиќ Праг и огледало, што деновиве ја објави „Македонска реч”. За книгата на Челиковиќ ќе зборуваат проф. д-р Ферид Мухиќ и проф. д-р Кристина Николовска.

Пораките во песните на Ивица Челиковиќ ни ги доближуваат состојбите на едно специфично искуство, се размножуваат во откривањето на феномените на животот и неговата разнородност, станувајќи едновремено достапни онолку колку што е достапен и разбирлив светот што не опкружува. Поетот е соучесник, замешан во убавините и ужасите на светот, упорно трагајќи по духовна слобода и светлина во просторите мегу хаосот и воспоставената хармонија.

Стихозбирката Праг и огледало е негова петта поетска книга.
Автор е на книгите: Школки во рацете (поезија, 1990), Долги граници со небото (поезија, 1992), Метаморфози на патот (поезија, 2002), Зад источната линија (роман, 2004), Возови во пајакова мрежа (поезија, 2006).

Ивица Челиковиќ живее и работи во Гетеборг, Шведска. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година. Од 2003 е член на Сојузот на шедските писатели.
Добитник е на наградите Млада Струга, Златно перо и Иселеничка грамота.
Преведува шведска и норвешка на македонски јазик. Превел десетина дела од познати сведски писатели, мегу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг и Катарина Фростенсон.
Составувач е на антологијата Македонска поезија што во негов превод на шведски јазик беше објавена во 2005 година.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |