|
|
Што ни е идејата?
Во четврток почнува Glocal конференцијата во Скопје, па заедно со
организаторите на конференцијата, одлучивме да им посакаме добредојде
на учесниците.
Ќе пуштиме неколку филмови за web 2.0 а после ќе се фокусираме на
слободна музика лиценцирана под криејтив комонс. Имаме многу добра
музичка колекција од jamendo.com која ќе го разнежни најциничното уво.
:-)
Ова е добра шанса да се запознаете со интересни луѓе од регионов и
пошироко и да поразговарате за web2.0, блогирање, слободен софтвер,
интернет живеење и смислата на постоењето. |