|
Девојчето кое скокна низ времето
незаборавно аниме кое ќе ви го стопли
срцето
Четврток,
08.05.2008, 21 часот во
Културен
центар Точка
Ги знаете ли оние филмови по чие гледање
се чувствувате како да сте биле на долго и прекрасно патување, а тоа
чувство не ве напушта неколку дена?
„Девојчето кое скокна
низ времето" е еден таков филм,
во кој може да ги пронајдете вашите најдлабоки, скоро архетипски,
спомени за некое долго убаво лето.
Покрај визуелната магија на постојано
синото небо прошарено со огромни меки кумулонимбуси и носталгичната
музика, филмот ни прикажува една постојано интересна и непредвидлива
приказна со многу пресврти и силни емоции. Иако името сугерира научна
фантастика, главниот двигател е личноста на девојчето (Макото)
заплеткано во комплексниот развој на пријателството и љубовта во
самракот на детството.
Филмот има освоено многу награди на
повеќе јапонски и интернационални фестивали, од кои можеби најзначајни
се оние кои го прогласиле за анимиран филм на годината, а најпрестижна
е онаа која ја доделува јапонската академија (еквивалентна на
американскиот оскар).
Базиран е на новела за возрасни од
шеесеттите, но преработена и прилагодена според модерните навики.
Овој филм ќе го гледате во рамките на
првата епизода од македонската Јапанорама во четврток на
8 Мај 2008 од 21 часот.
Овозможено од
Japan@mk
во соработка со Точка, а поддржано од
Метаморфозис.
Режисер: Хосода Мамору
Анимација / Јапонија / 2006 / 98 мин
Погледнете го трејлерот
http://www.kadokawa.co.jp/tokikake/index.php
И
официјалниот сајт на филмот
http://www.youtube.com/watch?v=Xk9SAmD00Iw |