|
Помеѓу метрополата и провинцијата, проекција на германски
филмови
проекција
|
|
|
|
|
|
|
Би сакале да Ве информираме дека во Културниот центар
Точка од 13 мај до 29 мај ќе се одржи проекција на шест германски и
австриски филмови под наслов “Помеѓу метрополата и провинцијата –
синеастичко патување од Берлин до Црното море”. Ќе бидат прикажани
следниве филмови: Лето во Берлин (13 мај) од Андреас Дресен,
Ослободена зона (15 мај) од Норберт Баумгартен, Кебапчиска врска (20
мај) од Ано Саул, Батка, од каде си, каде одиш (22 мај) од Томас
Адебар и Андреас Цимерман, Северни рабови (26 мај) од Барбара Алберт и
Донау, Дунај, Дуна, Дунав, Дунареа (29 мај) од Горан Ребиќ. Филмовите
ќе бидат прикажани со англиски превод.
Во вторник, на 13 мај, ќе биде прикажан филмот Лето во Берлин.
Кратка содржина на филмот:
“Жешко лето. Нике има балкон, Катрин има син, Роналд вози камион, Тина
е келнерска, Оскар и Хелене се стари и осамени.
Лето во Берлин е приказна на две пријателки кои од сопствениот балкон
– меѓу земјата и небото – зјапаат надолу кон својот немирен и тежок
универзум. Восхитувачка комедија, полна со човечка топлина, искреност
и радосен хумор – филм за животот.”
Филмот е реализиран во 2004 година и трае 110 минути.
Влезот е слободен, а проекциите почнуваат во 20 часот.
Проекциите се реализираат со поддршка на Роберт Бош Фондацијата, во
соработка со Гете Институтот, Германска академска служба за размена и
Австриската Амбасада во Скопје. |
|
◄
дома |
|