Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Помеѓу метрополата и провинцијата - „Кебапчиска врска“
проекција
 

20.05.2008, Точка, 20:00

 

 

 
 

Кратка содржина на филмот:

Кебапчиска врска е откачена комедија-бајка за два киоска за брза храна (еден турски, другиот грчки), еден фрустриран режисер, најкул рекламата на сите времиња, меѓукултурната љубов, забранена љубов и егејско ривалство што трае со векови. А, исто така, не смееме да ја заборавиме ни локалната мафија!

Младиот турски хип-хопер Ибо сака да го направи првиот германски кунг-фу филм, па вежба правејќи екстремно успешен рекламен спот за кисокот за кебапи на неговиот чичко. Изгледа дека с# оди на начинот на кој тој сака додека девојка му нема да му каже дека е бремена...

Филмот е реализиран во 2005 година и трае 96 минути.

Влезот е слободен, а преводот е на англиски јазик.

Проекциите се реализираат со поддршка на Роберт Бош Фондацијата, во соработка со Гете Институтот, Германска академска служба за размена и Австриската Амбасада во Скопје.
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |