|
Помеѓу метрополата и провинцијата - „Батка, од каде си, каде одиш“
проекција
|
|
|
Кратка содржина на филмот:
Роуд филм за камионот за собирање ѓубре полн со копнежи и мали
авантури. Марк Провенцал, Андреас Кралик и Дундар Дурсан имаат три
заеднички работи. Живеат во Минхен со своите семејства и работат за
општинската комунална хигиена. Публиката патува со нив во модифициран
камион за ѓубре во Гана, во Турција и во минхенскиот Хојперлахт.
Сентиментален, но духовит документарен филм за потрагата по
татковината.
Филмот е бо режија на Томас Адебар и Андреас Цимерман и е реализиран
во 2003 година, а трае 78 минути.
Влезот е слободен, а преводот е на англиски јазик.
Проекциите се реализираат со поддршка на Роберт Бош Фондацијата, во
соработка со Гете Институтот, Германска академска служба за размена и
Австриската Амбасада во Скопје.
|