|
|
Оваа недела, Јапанорама продолжува со уште едно аниме,
кое по својата атмосфера е продолжение на денешната изложба на манга
цртежи на младиот Маруко во Чипка.
Ангелско јајце (Angel's egg) е длабок и надреален анимиран филм.
Напишан e и режиран од креаторот на познатиот сејберпанк класик „Ghost
in the shell", Mamoru Oshii, и од многумина е сметан за ремекдело.
Улиците на празниот град каде што живее девојчето, кое го чува
ангелското јајце, потсеќаваат на познатите слики на Де Kирико, а
целата атмосфера на филмот е апсурдна и потсвесна како од најчудните
соништа.
Филмот изобилува со симболика, како и референции од различни
митологии, а целото дејство се гради врз малку дијалог, многу музика и
многу повеќе визуелна динамика.
Најинтересно е што за филмот не постои официјално издадено објаснување
за неговото значење, што го прави повеќе да наликува на големите дела
на мајсторите на уметноста.
Филмот е од 1985 година, но анимацијата е фасцинантна при доловувањето
на реалното помешано со имагинарното и симболичкото.
* Рејтингот на IMDB му е 7.6 /10
* Трае 71 минута |