|
|
Кратка содржина на филмот:
Северни рабови се фокусира на пет различни луѓе од различно етничко
потекло чии животи се пресекуваат во Виена во 1995 година. Тие мораат
да се справат со низа проблеми, од несаканата бременост до последиците
од војната во поранешна Југославија. Сите тие се обидуваат на свој
начин да ја пронајдат среќата – или сами, заедно со некој други,
понекогаш со хармонија, а понекогаш во конфликт со себеси и другите.
Северни рабови е многу силно размислување за тоа како е да се биде
млад во деведесеттите години, во атмосфера меѓу збунетост и конфликт.
Филмот е реализиран во 1999 година, а трае 106 минути.
Влезот е слободен, а преводот е на англиски јазик.
Проекциите се реализираат со поддршка на Роберт Бош Фондацијата, во
соработка со Гете Институтот, Германска академска служба за размена и
Австриската Амбасада во Скопје.
|