|
|
Авторот на xkcd.com Randall Munroe одржа предавање во
Google. Прво бил повикан како гостин, но потоа некој се досетил и му
понудил да одржи предавање. Зборувајќи, го забележува Donald Knuth во
првите редови, човекот без кој програмските јазици не би биле тоа што
се.
Низ предавањето има интересни моменти и информации кои ќе бидат од
интерес за сите љубители на XKCD. Патем, на крајот завршува со еден
краток стрип (какви и што се xkcd стриповите), со што Munroe покажува
како ги црта. Дечкото завршува факултет за Физика на MIT, и има
навистина страшни идеи! Интересен податок е тоа што засега, Munroe,
живее од продажбата на merchandise од xkcd.
Целото предавање ќе биде пуштено на следното Сподели кино, во среда,
04 јуни, во Точка, 20.30ч. |