Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Јапанорама: „Царска борба“
проекција
 

06.06.2008, Точка, 21:00

 

 

 
 

Овој јуни „Јапанорама" ќе го започне со проекција на еден од најконтравернзите јапонски филмови „Царска борба" на јапонскиот режисер Кинџи Фукасаки.

„Царска борба" (Batoru rowaiaru) е филмска адаптација на истоимената, и исто толку контроверзна книга, од јапонскиот автор Кошун Таками.
За оваа приказна се вели дека американците никогаш не би се нафататиле да ја режираат, но бруталната и сурова приказна за младите јапонски бунтовници го привлече вниманието не само на публиката во Јапонија, туку и на онаа од Запад.

Дејствието во филмот се одвива во Јапонија и ја пренесува приказната на јапонската влада која презема екстремни мерки за справување со младата деликвенција во земјата.

Недисциплинираните ученици се испратени на пуст остров каде мора да се борат за своите животи.
Со оружје и храна во рака, нивната задача е едноставно да се убиваат едни со други.
Оној кој останува жив, се враќа во општеството.

Преку кравави и провокативни сцени, насилство и непрекината напнатост, филмот упатува јасна критика на политичката и социјалната состојба во денешна Јапонија.

Филмот е добитник на 7 филмски награди меѓу кои и наградата за најдобар филм од Јапонската филмска академија.

Поради големата популарност, во 2003 снимен е и втор дел под наслов "Battle Royale II: Requiem", а постојат и гласини дека американците спремаат римејк.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |