Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



ГРАЃАНСКИ ВИДЕО ФЕСТ
проекција
 

09.06.2008, Точка, 20:30

 

 

 
 

ПРВО ИЗДАНИЕ НА ГРАЃАНСКИОТ ВИДЕО ФЕСТ

9-13 јуни 2008

Културен центар Точка


Од 9 до 13 јуни (понеделник до петок) 2008 година, во Културниот центар Точка ќе се одржи првиот Граѓански видео фест. Отворањето на фестивалот е в понеделник, 9 јуни, со почеток во 20:30 часот, со проекциите на документарните филмови “Приказна за пронаоѓањето” на Културниот центар Точка, и документарниот филм “30 Скопски лета” на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје

Во петте вечери на фестивалот, преку 10 видео остварувања ќе се претстават постигнувањата на граѓанскиот сектор во неколку области, како што се културата и уметноста, зачувувањето на животната средина и културно-историските богатства на Македонија, помошта на најранливите групи во општеството, волонтерството и младинските иницијативи. Филмовите и видео сториите се реализирани во соработка со реномирани продукциски и телевизиски куќи од земјава.

Граѓанскиот видео фест е прв обид да се претстават на едно место видео призводи кои раскажуваат за конкретните успеси на граѓанските организации од земјава. Цел на овие видео остварувања, кои се реализираа преку Грантовите за промовирање на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, е да ги прикажат резултатите и напорите на граѓанските здруженија за подобрување на состојбите во разни области од општественото живеење пред пошироката јавност, но и да ги запознаат граѓаните со можностите што ги нуди граѓанското здружување за решавање на нивните проблеми.

Влезот на проекциите е бесплатен. Поради ограничениот број на седишта и големиот интерес за голем дел од проекциите на Фестивалот, ги молиме сите заинтересирани да се јават во Културниот центар Точка за да резервираат место.


За Граѓанскиот видео фест

Граѓанскиот филм фест го реализираат Културниот центар Точка и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од страна на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ).



Видео производите што се прикажуваат на овој фестивал се реализирани преку Грантовите за промовирање на резултати, спроведени од Македонскиот институт за медиуми во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |