Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Конструктор - Фестивал на Урбани Уметности D.I.Y. 04
настан
 

03.07.2008, Точка, 21:00

 

 

 
  Четвртиот по ред и кај нас единствен фестивал за new media и експериментални уметности, "Конструктор-Фестивал на Урбани Уметности D.I.Y. 04", оваа година за разлика од минатите, за прв пат излегува надвор од ригидните организациони структури, постанувајќи единствено алтернативна и авантгардна уметничка иницијатива.

Отворањето на фестивалот е во четврток, 03 јули 2008 година во Културниот Центар ЦК, со почеток во 21 часот со инсталацијата на физички објекти на Данило Мандиќ, насловена "Анаграм".

Фестивалот ќе изобилува со голем број на соджини својсвени за експерименталниот карактер кој го поседува, кои ќе бидат реализирани од 03-07 јули 2008 година, на неколку скопски локации.

Конкретни информации за сите настани на фестивалот, може да дознаете од промотивните материјали на "Конструктор-Фестивал на Урбани Уметности D.I.Y. 04" кои слободно ќе ги најдете во просториите на Културниот Центар ЦК и Културниот Центар Точка, каде истиот ќе се одржи, како и на www.myspace.com/asdeatras.


Програма на Конструктор D.I.Y. 04 Фестивал на урбани уметности
„Враќање напред" – отворени приказни за движењето

Четврток, 03 јули - Културен центар ЦК
21.00 Анаграм, инсталација и физички објекти на Данило Мандиќ
21.30 И црвите ползат, експериментален, new media перформанс на Gungula Sisters

Петок, 04 јули - Културен центар Точка
19.00 Дешифрирање на урбаниот код, предавање на Перица Јовчевски,
дел 1
21.00 Жена на 21-оиот век, live art на Дијана Богдановска и Теа
21.30 Црвен филтер, експериментален, new media, музички перформанс на Дијана Богдановска и Теа

Сабота, 05 јули
Културен центар Точка
19.00 Дешифрирање на урбаниот код, предавање на Перица Јовчевски,
дел 2
Културен центар ЦК
21.00 Аркана, abstract art i live noisecore музички перформанс на Ezotera и Infect Insect
Недела, 06 јули - Културен центар ЦК
16.00 Почетокот на патот, отворена програма на експресионистички филмови

Понеделник, 07 јули - Културен центар ЦК
21.30 Метален здив, експериментален, industrial, noise, музички перформанс на Death Worship
22.15 Хаотична манифестација на материјата, industrial, noise, музички перформанс на Machinesaw

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |