Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Антинационалистичка трибина
дебата
 

12.07.2008, Точка, 19:30

 

 

 
 

Во сабота со почеток во 19.30 во Културниот центар „Точка“ ќе се одржи антинационалистичка трибина, која е дел од пошироката кампања на македонско-грчки дијалози, со гостување на претставникот на грчката Социјалистичка работничка партија, Јанис Сифакакис.

Целта на трибината е, во услови на пораст на национализмот и на националистичките стереотипи за другата страна, да се направи обид да се делува против ваквите трендови. Преку демистификација на патриотизмот/национализмот како таков и преку можноста посетителите со свои очи да се убедат дека сликата за другата страна ја формираат и премногу врз основа на пропагандата на сопствената страна.

На трибината ќе биде промовирана и книгата што Социјалистичката работничка партија ја објави во 1993 година, во која го брани правото на нашата држава да се нарекува Република Македонија и за која петмина лидери на Партијата беа притворени и изведени пред суд. Со тоа сакаме и да ја извадиме оваа книга од речиси целосната анонимност која кај нас владее во поглед на оваа книга.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |