|
|

Еве, истуркавме уште една година во и со Точка. Се
надеваме дека во следниот годишен циклус поофанзивно и поздружено
заедно ќе понудиме живот и динамика кои нема само да промовираат нови
иницијативи во дизајнирањето на културниот урбан контекст туку и
креативно ќе се ангажираме и спротиставиме на регресивните, статични
модели на практикување култура и уметност кои се чини нè демнат од зад
аголот на секое маало во нашава земја.
Како и да е, ќе ни биде ептен драго и радосно, во четврток 17. 07.
2008, во 21.00, да дојдете на мала дружба со која симболички ќе го
означиме крајот на сезоната. Дружбата ќе биде неформална и се надеваме
релаксирана и креативна. Како дополнителна програма на вечерта ќе биде
проекцијата на филмот Булевар на самракот, со што го најавуваме
циклусот на ноар филмови кој ќе го прикажуваме од септември. Сметаме
дека овој жанр е политички најсоодветен на стилот на животот кој ни е
наметнат во последно време. |